СДСМ: Мицкоски и Апасиев не честитаа за Договорот со Фронтекс, исто како и за членството во НАТО

од Nikola Popovski

Единствено Христијан и ВМРО-ДПМНЕ не го поздравија потпишувањето со Фронтекст на македонски јазик, прв официјален договор со ЕУ на македонски јазикм со чиста формулација, без никкави фусноти, соопштија утрово од СДСМ.

Од партијата побараа „лидерот на партијата, Христијан Мицкоски да им се извини на граѓаните за лагите“.ж

-Исто како и за членството во НАТО, Мицкоски заедно со Апасиев е единствениот кој не честиташе на потпишувањето на Договорот со Фронтекс.   Се што кажаа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се потврди дека е безобразна лага. Нема асимилација, нема бугаризација има официјален македонски јазик во преговорите со ЕУ, стои во партиското соопштение од „Бихаќка“.

Во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која од Скопје ја започна својата турнеја низ Западен Балкан, беше потпишан статусниот договор со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, Фронтекс.

Договорот ќе му овозможи на Фронтекс на оперативно ниво подобра заштита на границата на Северна Македонија, брзо распоредување на персонал и опрема на Фронтекс или странски полицајци на критичните гранични точки, а во случаи на ненадејно и брзо влошување на ситуацијата, можности за доверливи и континуирана размена на информации и податоци, вклучително и оперативни разузнавачки податоци, разузнавачки податоци, производи за видео и воздушно набљудување, сателитски снимки и друго.

 

Слични содржини