СДСМ: Мицкоски се докажа како лош и неуспешен ученик на Никола Груевски

од Stefanija Kuzmanovska

Христијан Мицкоски исплашен за својата фотелја, продолжува да пласира едни исти лаги во кои веќе не верува ни членството на неговата партија, соопштуваат од СДСМ.

„Дејствувајќи против интересите на граѓаните и државата, мешајќи се во работата на градоначалниците, Мицкоски се докажа како лош и неуспешен ученик на неговиот ментор Никола Груевски.

Се што Мицкоски има зад себе се лажни вести и дезинформации и отстуство на сгтав за најважните државни прашања.

Токму поради тоа, во последно време стана заложник на деструктивноста на Димитар Апасиев и затоа Мицкоски често пати е поекстремен и порадикален во своите настапи, а се со цел да не заостане зад Аласиев.

Се што Мицкоски кажа – излажа, се што прогнозираше – излезе обратно, затоа неговите деструктивни политики одново се осудени на пропаст“, наведуваат од владејачката партија.

Слични содржини