СДСМ: Мицкоски се заплетка во сопствените лаги

од Stefanija Kuzmanovska

Исплашен за својата фотелја во Белиот дворец, Мицкоски се заплетка во сопствените лаги. Затоа денес, на голем православен празник мора да пласира нови, соопштуваат од владејачката СДСМ.

„На почеток на оваа година, токму на Божиќ, Мицкоски изјави дека на крај на јануари ќе собере 61 пратеник и ќе се случи распуштање на Собранието.

Еве, дојде крај на јануари нема ништо од неговите најави, нема распуштање на Собрание, Мицкоски го излажа народот.

Затоа кога очигледно нема ни близу 61 пратеник за распуштање на Собранието, Мицкоски мора да пласира нови лаги, за наводни притисоци врз пратеници.

Не доликува на било кого, најмалку на политичар, верските празници да ги третира како мека за лажење на народот.
Ниту има, ниту ќе има распуштање на Собранието, ниту пак има притисоци врз пратеници“, стои во соопштението на СДСМ.

Слични содржини