СДСМ: Милошоски да се извини и да си поднесе оставка, разоткриена е уште една негова лага

од Nikola Popovski

„Откако информациите во медиумите се поткрепени и со документи дека пратеникот Антонијо Милошоски бил осуден и казнет за сторени кривични дела во Германија, тој мора да излезе пред јавноста, да се извини и да си даде оставка од функцијата пратеник“, побараа денес од владеачката СДСМ.

Според нив, јавно објавените документи, „разоткрија уште една лага на Милошоски, докажан дезинформатор и близок соработник на Христијан Мицкоски“.

„Ова е срамен и нечесен однос од ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните и доказ дека ништо не се менува во оваа партија, дека таму се уште силно е присутна криминалната, режимска матрица.

Овој го нарушува меѓународниот углед на државата и истовремено уште еднаш го покажува вистинското антидржавно и неодговорно лице на Милошоски и Мицкоски

Граѓаните знаат дека против Милошоски се води предмет и постапка и пред македонските судови, знааат дека Милошоски ја злоупотребува говорницата во Собранието да шири лажни вести, знаат дека тој и Мицкоски се на браникот на криминалот.

Пратеник кој ги лаже граѓаните, кој го девалвира Собранието не е достоен да ја врши функцијата и мора да замине.

Милошоски да не се крие, да престане да лаже и да даде оставка од функцијата пратеник во Собранието“, стои во партиското соопштение на СДСМ.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во 2004 и 2005 година во Германија бил осуден и парично казнет за кражба и фалсификување на исправи, покажуваат два документи кои ги објави портарлот А1 он. Двете кривични дела се наведени во едниот од документите кој е извадок од листата на казнена евиденција издадена од Основниот суд во Тетово по барање на Државната изборна комисија на почетокот на претходната година и со него, како што пишува порталот, се докажува дека Милошоски бил осуден и парично казнет од Основниот суд во Ахен. Вториот документ е напишан на германски јазик и со него се тврди дека германскиот суд донел пресуда со која пратеникот според тамошниот систем бил казнет на 20 дневници по 20 евра за делата “добивање придобивки со измама” и “кражба и злоупотреба од мала вредност”.

Слични содржини