СДСМ: Мицкоски ако е искрен нека ја прекине блокадата во Собранието

од Nikola Popovski

Таканаречените концепти на Христијан Мицкоски и ние и јавноста во град Скопје, тендери многу добро ги видовме, тоа се концепти за провизии и тендери и ништо друго.​ Затоа и впрочем парното во градот Скопје​ Владата го презема и скопјани ќе имаат парно, порачаа денеска од СДСМ.

Од партијата го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ „доколку е искрен да покаже во Собрание и да ја прекине блокадата на законодавниот дом во време на криза“.

-Нека го поддржи законот за градење и уште 50 закони кои токму пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги имаат блокирано. Дека Мицкоски нема искрена намера се гледа од фактот што иако на седниците на Економскиот совет секогаш се канат претставници на ВМРО-ДПМНЕ тие не доаѓаат. Белата палата не е место за решавање туку за создавање проблеми, оваа зграда е синоним за корупција и криминал, олицетворение на криминал од каде произлегуваат сите блокади на штета на државата, стои во соопштението од владеачката партија.

Слични содржини