СДСМ: Мицкоски да каже зошто ВМРО-ДПМНЕ две децении не набави противпожарна автомеханичка скала за потребите на Скопје

од Vladimir Zorba

„Коце Трајановски, Никола Груевски и неговиот чувар на партиската фотелја Мицкоски забораваат дека по дведецениското управување на ВМРО-ДПМНЕ со Скопје го оставија главниот град не само без функционална противпожарна опрема, туку и со криминални милионски трошоци на лесно запалливи фасади од евтин стиропор“, велат од СДСМ.

„Тие не мислеа ниту на безбедноста на објектите од „Скопје 2014“, чии фасади беа преоблечени со евтин стиропор, ниту на зградите за кои беше употребен истиот материјал. Тие мислеа само како да ги наполнат своите џебови и како ВМРО-ДПМНЕ да стане партија со најголем имот во Европа.

Затоа е апсурдно што сега Христијан Мицкоски го обвинува Шилегов за гаснењето на пожарот во Галичник, село кое е два часа оддалечено од Скопје, во општината Маврово Ростуше и зошто набавил противпожарна автомеханичка скала од Будимпешта за Скопје.

Наместо Мицкоски да ја тормози јавноста со лаги и конструкции, треба да им објасни на скопјани зошто ВМРО-ДПМНЕ не набави противпожарна автомеханичка скала за потребите на Скопје иако имаше мнозинство во советот на градот повеќе од две децении.

Скопјани се уморни од вашите лаги и конструкции, од вашите злоупотреби на пожари и трагедии, и знаат да оценат кој придонесува за безбедноста на скопјани со противпожарна опрема, а кој ја загрозува со „инвестиции“ во запалливи фасади од евтин стиропор“,додаваат оттаму.

Слични содржини