СДСМ: Мицкоски да не се плаши, на пописот не се гласа, тоа не се избори таму нема победници и губитници

Денеска од овде, од пред белиот дворец, симболот на криминалот на режимот, на уплашениот Христијан Мицкоски сакаме да му порачаме:
По шест изборни порази можеме да разбереме дека Мицкоски има страв од граѓаните, но не треба да се плаши, на пописот не се гласа, тоа не се избори, тоа е статистичка операција.
Доста се неразумни блокади, кочења, полиризација.
Успешниот попис Мицкоски може да го смета за уште еден негов пораз, но пописот не се избори таму нема губитници и победници.
Со успешен попис, добиваат граѓаните, добива државата.

Слични содржини