СДСМ: Мицкоски да си даде оставка откако неговиот шеф Груевски се најде на црната листа на САД

од Vladimir Zorba

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се оние кои ги загрозуваат државните и националните интереси. Без срам дури и лично самиот Мицкоски денеска си призна дека неговите ставови за процесот со Бугарија ги темели на „определени шпекулации“. Тоа ниту е чесно, ниту е одговорно однесување на шеф на парламентарна политичка партија“, реагираат од СДСМ на изјавата на лидерот на опозицијата.

„Секогаш кога државата е во битни периоди за евроинтеграцијата ВМРО-ДПМНЕ дејствува деструктивно во обид да го попречат евроинтегративниот процес.

Наместо да шири лажни вести и дезинформации, наместо да ги загрозува позициите на државата, Мицкоски да си даде оставка откако неговиот шеф Никола Груевски се најде на црната листа на САД поради сторените очигледни и судски потврдени криминали“, се додава во реакцијата.

Слични содржини