СДСМ: Мицкоски е загубен во сопствените лаги

од Vladimir Zorba

„Тажно е да се гледа како Христијан Мицкоски се плетка во сопствените лаги, секојдневно обидувајќи се да го испере срамот од дебаклот што го доживеа на Самитот на ЕПП во Загреб“, реагираат од СДСМ на интервјуто на лидерот на опозицијата за „Курир“.

„Залудни се обидите на Мицкоски. Во видеото во прилог јасно се гледа и слуша, на прашањето, дали го поддржува Договорот со добрососедство со Бугарија, Мицкоски како јасно одговара дека поддржуваат, или „поткрепаме“ како што вели тој. Јасно е дека Мицкоски е тој што лаже.

Мицкоски е загубен во сопствените лаги и ниту една прес конференција, ниту едно партиско соопштение од белиот дворец, ниту едно интервју тоа нема да го покрие.

Со таков лажен патриотизам и нечесен однос кон граѓаните, Мицкоски го очекува пораз на парламентарните избори на 12 април. Се покажа уште еднаш дека Мицкоски нема став, дека едно зборува дома, а друго зборува надвор од државата“, се додава во реакцијата.

loading...

Слични содржини