СДСМ: Мицкоски измислува изговори, сака да избега од соочување со народот

од Vladimir Zorba

Владејачката СДСМ преку соопштение прашува дали лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, сака да побегне од предлогот за брзо соочување на предвремени парламентарни избори.

„Со месеци Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бараат итни предвремени парламентарни избори, а денеска кога има конкретен предлог, тој измислува изговори.  Очигледно Мицкоски знае дека нема поддршката кај граѓаните и дека го очекува нов пораз. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ниту имаат идеја, ниту визија, понуда, немаат ниту програма. Тие само сакаат обнова на криминалниот режим, обнова на изолацијата и бесперспективноста во која ја држеа државата заробена“, велат од СДСМ.

Според владејачката партија, тоа граѓаните нема да им го дозволат, на предвремени парламентарни избори, граѓаните повторно ќе ја поразат режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ како што ја поразија и на претходните парламентарни, локални и претседателски избори.

Слични содржини