СДСМ: Мицкоски молчи за Груевски, кога се правеле криминални дејствија му бил десна рака

од Vladimir Zorba

„Мицкоски со денови молчи откако неговиот шеф и ментор Никола Груевски се најде на црната листа на САД за сторените очигледни и судски потврдени криминали. На црната листа е и компанијата на Груевски за која допрва треба да се истражува дали служела за незаконски активности. Во меѓувреме, од страна на надлежните институции запленет е имот како нов доказ за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштија утрово од СДСМ.

„По сите овие признанија, по сите судски пресуди, како онаа од Титаник, по објавата на црната листа, по замрзнатиот имот во случајот Империја, Христијан Мицкоски треба да си поднесе оставка.

Христијан Мицкоски во времето на режимот кога се правеле криминални дејствија му бил десна рака и советник на Груевски.

Доколку Мицкоски знаел за сите криминални активности, злоупотреби на позициите, за нелегалните пари, зошто молчел, кого бранел?

Целата јавност ги слушна признанијата на поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ како се правеле криминални дела.

Денес голем дел од некогашните соработници на Груевски се соработници на Мицкоски и дел од раководството и пратеничката група.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е партија раководена од Будимпешта, партија која не излегува од режимската матрица“, се додава во соопштението од Бихаќка.

Слични содржини