Мицкоски од континуиран непочитувач на мерките за заштита од Ковид 19, кои ги прекрши со одење во затворена теретана, групно качување на Водно, сега со „тајната вечера“ на Боемска стана и сторител на кривични дела.
Правдањето дека не знаел дека не смее да седи во внатрешност на угостителски објект е навистина смешно и не го намалува кривичното дело.
Вториот момент за кривично дело е дека инспектори, службени лица се спречени во извршување на својата службена должност и 2 часа не биле пуштени да влезат во внатрешноста на угостителски објект само и единствено затоа што таму седел Христијан Мицкоски со неговото друштво, и тоа е кривично дело.
Ова не е така едноставно Христијан Мицкоски да каже направив грешка и сега ќе платам казна и тоа е тоа. Во неговото прекршување на мерките и неговата одбрана сторени се серија тешки дела кои мора да добијат разрешница.
Сега, судот врз основа доказите и кривичните пријави, ќе каже која е казната што треба да ја плати Христијан Мицкоски за неговото неодговорно однесување кон здравјето и животот на граѓаните.
Мицкоски, дека заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше и судија и полиција и сама пресудуваше и пишуваше казни се вели во соопштението на СДСМ.