СДСМ: Мицкоски не сака да ја отстапи струјата од хидроцентралите за граѓаните

од Nikola Popovski

СДСМ смета дека ВМРО-ДПМНЕ се нервозни, па „затоа две недели го напаѓаат премиерот Димитар Ковачевски служејќи се со клевети, манипулации и фабрикувани лаги“.

-ВМРО-ДПМНЕ требаше да го повика својот лидер Мицкоски во време на криза струјата што ја произведува и продава од хидроцентралите, бесплатно да ум ја отстапи на граѓаните. Но, очигледно е дека Мицкоски е против тоа, очигледно е дека повеќе сака да ги полни своите џебови отколку да им помага на граѓаните, стои во реакцијата на владеачката партија.

Од „Белата палата“ денеска повторно побараа премиерот да не ја замајува јавноста.

-Фирмата на кумот на Ковачевски само од државни тендери добила скоро 2 милиони евра откако е СДС на власт, а во време кога Ковачевски е заменик министер за финансии, истата склучува договор од над 2 милиони евра со ЕВН. И сето ова се случува додека народот плаќа поскапи сметки за струја, фирмите имаат 5 пати поголеми давачки за електрична енергија, а стотина се затвораат секој месец, стои меѓу другото во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини