СДСМ: Мицкоски не се израдува за приемот, ниту честиташе за една година членство во НАТО

од Nikola Popovski

Република Северна Македонија одбележа една година од полноправното членство во НАТО. Со членството во НАТО реализиравме една од двете приоритетни стратешки цели поставен уште на Денот на независноста. Сепак, исто како што пред една година не честиташе за приемот во НАТО, така Христијан Мицкоски не честиташе ниту за една година од членството на Северна Македонија во НАТО, реагираат од владеачката СДСМ.

Според нив, Мицкоски немал сила ниту да аплаудира во Собранието кога беше ратификуван влезот во НАТО, а немал сила ниту вчера да ја честита првата годишнина од членството.

-Мицкоски е на спротивната страна од државните и националните интереси, тој е антизападен антиевропски политичар, единствен на браникот на криминалот, кој сака државата да ја врати во режим и изолација.

Граѓаните тоа одамна го знаат, затоа и шест пати го казнуваат на избори, затоа тој уште долго ќе биде опозиција, стои во соопштението на партијата.

Слични содржини