СДСМ: Мицкоски отиде кај менторот Груевски да му ги одобри листите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

Според СДСМ, посетата на Христијан Мицкоски на Будимпешта била со цел да добие добие готови кандидатски листи на ВМРО-ДПМНЕ од Никола Груевски.

Во денешното соопштение на СДСМ се вели:

„Извршителот Мицкоски не смее да понуди ништо , тој само ги извршува наредбите на неговиот шеф, Никола Груевски. Дури ниту листите за кандидати за пратеници не смее да ги подготви без Груевски.

Листите за кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваат во Будимпешта директно од криминалецот Груевски, Мицкоски само треба да ги донесе.

Е на таков извршител е сведен Мицкоски“, велат од СДСМ.

Според нив, Груевски и понатаму ја води ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е човекот којшто од Република Северна Македонија направи заробена држава, кој прислушуваше над 20 илјади граѓани, кој го зароби судството, монтираше судски процеси и нарачуваше пресуди.

„Извршителот Мицкоски е само негова продолжена рака и има задачи да ги продолжува политиките на Груевски и да инсталира негови луѓе во Собранието на Република Северна Македонија“, продолжуваат од СДСМ.

СДСМ сметаат граѓаните ја гледаат разликата помеѓу нивните одговорни политики  и претседателот Заев што носат напредок, економски развој и интеграција и деструктивното делување на Мицкоски кој го брани криминалот, изолацијата и обновата на режимот.

Слични содржини