СДСМ: Мицкоски работи против здравјето на граѓаните, лажеше дека обезбедил помош од Словенија

од Nikola Popovski

Од СДСМ излегоа со соопштение во кое го обвинуваат Христијан Мицкоски за ширење политикантство и дезинформации и работење против интересите на државата и здравјето на граѓаните.

„Мицкоски лажеше дека нема доволно тестови за коронавирусот, а таа безобразна невистина на Мицкоски е демантирана и од надлежното Министерство за здравство.
Во државата има доволен број на тестови, над 4.500 тестови има само во Институтот за јавно здравје и дополнителни количини во приватни клиники.
Мицкоски јавно се пофали дека лично тој успеал да обезбеди помош од Словенија за справување со коронавирусот а подоцна повторно беше демантиран и тоа од страна на Миистерството за одбрана на Словенија кое обајави дека помошта за нашата земја е обезбедена преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ“, велат од СДСМ.
Тие уште еднаш потврдуваат дека нема да се намалат пензиите како што јавно лаже Мицкоски и дека со економските мерки на Владата кои се преземаат се спасуваат 250.000 работни места, се обезбедува основен приход на граѓаните и се гарантира исплата на сите пензии и социјални трансфери.
„Нема крај неодговорното однесување на Мицкоски а последен доказ за тоа е снимката објавена на неколку медиумите каде што се гледа Мицкоски како излегува од спортска вежбална иако тие веќе не работат двесеттина дена. Мицкоски треба да одговори дали посетувал фитнес центри во време кога тие мора да бидат затворени како дел од мерките од превенција од коронавирусот?
Ако веќе не може и не сака да помогне, Мицкоски нека не одмага, а своите фрустрации да престане да ги истура врз граѓаните, врз институциите“, заклучуваат од СДСМ.

Слични содржини