СДСМ: Мицкоски веќе зборува како Бачев

од desk2

Владејачката СДСМ смета дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски станал портпарол на Јанко Бачев, лидерот на Единствена Македонија, кој нуди план Б за спречување на смена на името на Македонија, со тоа што оценија дека зборувал на “ниско, на ниво карактеристично за фрустритани, поразени и неуспешни политичари, загубени во сопствената неспособност“.

– „Бла бла“ и „дрн дрн“ муабетите на Мицкоски многу соодејствуваат со него и неговите антизападни, политички промашени делувања. Мицкоски ќе остане запаметен како човек кој заедно со Груевски, Иванов и Бачев работеше против иднината на граѓаните и Македонија во ЕУ и НАТО, но неуспеa, беше поразен.
Оттука, разбирлив е очајот, разбирлива е маката на Мицкоски. Граѓаните и прогресивните демократски сили во земјата не дозволија да ја блокира иднината на Македонија во НАТО и ЕУ, се вели во партиското соопштени.

Потсетуваат дека Македонија граби напред, завртена е светлата страница на иднината. Целиот демократски свет, ЕУ, НАТО, САД, честита на историската одговорност на граѓаните и пратениците, го поздравува усвојувањето на уставните измени кои го отвораат патот кон полнаправно членство во ЕУ и НАТО. Пријателите од светот застанаа зад Македонија и сите нејзини граѓани.

– Кога ќе има избори не зависи од желбите на антизападниот Мицкоски, туку од приоритетите на граѓаните и државата. Граѓаните нема да дозволат нов Иванов, ниту нов Груевски, сметаат од СДСМ.

Слични содржини