СДСМ: Мизрахи по налог на Мицкоски се однесува лицемерно и антидржавнички, граѓаните ќе ги казнат неодговорните политики на ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска

Христијан Мицковски и ВМРО ДПМНЕ со полна пареа работат на оставарување да ја врати државата чекор назад.

Последен доказ за тоа е непочитувањето на уставното име од страна на техничката министерка за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи и тоа во државна институција во зградата на Министерството.

Тоа е непочитување на Утсавот но и загрозување на Договорот од Преспа а со тоа и загрозување на членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ, затоа што без Договорот нема ни нАТО ни ЕУ.

Таквиот потег на Мизрахи, по налог на Мицкоски е Груевски е лицемерено и антидржавно однесување на Мизрахи, бидејќи таа е истата Мизрахи која немаше проблем да се потпише под уставното име кога ја даваше изјавата при стапување на фунцкијата.

Работејќи противуставно преку своите технички кадри во Владата на РМ, Мицковски и ВМРО ДПМНЕ се обидуваат да ги загрозат европските процеси на државата, а со тоа и да ја загрозат и иднината на нашата земја.

Мицковски и ВМРО ДПМНЕ немаат идеи, немаат понуди и решенија и тоа што можат да го понудат се само чекори назад кон изолација и сиромаштија каква и што ја држеа државата 11 години.

Потезите и ветувањата на ВМРО ДПМНЕ за поништување на Преспанскиот договор се опасни за иднината на државата, но граѓаните ги препознаваат аматерските политики на Мицкоковски и ВМРО ДПМНЕ и затоа ќе ги казнат на 12 април.

Слични содржини