СДСМ: Мнозинството во Собранието и владината коалиција функционираат стабилно посветени на реализација на програмата што е во интерес на сите граѓани

Во своето денешно соопштение, владејачката СДСМ, посочи дека Владата и мнозинството во Парламентот се стабилни, и уверува дека и покрај одлуката за самостојно делување на ЛДП, се е во ред и коалицијата е стабилна.

„Мнозинството во Собранието и коалиција во Владата се стабилни, посветени на реализација на  утврдените цели и програми, во интерес на граѓаните.

ЛДП има право самостојно да одлучува за својот партиски пристап кон јавноста, но тоа никако не влијае во односите на коалицијата и активностите што се пред нас.

Постојаното пласирање лажни вести се само за внатрешна употреба во ВМРО ДПМНЕ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини