СДСМ може да значи Социјалдемократи на Северна Македонија, изјави Заев

од Nikola Popovski

„Името на партијата СДСМ не е сменето поради страв од изборите. Ако некој носел храбри одлуки, тоа е токму нашата партија и коалицијата“, вака одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање, за најавата од пред една година дека ќе се промени името на партијата.

Според него, соодветствено на процедурите пред нивните делегати ќе се донесе одлука, во време кое што треба.

„СДСМ значи Социјалдемократски сојуз на Македонија или Социјалдемократи на Северна Македонија, како сакате дефинирајте. Тоа е нашата реалност, ние веруваме во нашите вредности и ќе победиме на овие избори“, истакна Заев.

Слични содржини