СДСМ: Наместо да се згрозува, Мицкоски да побара оставки од Милошоски и Јанушев

од Nikola Popovski

Дали Христијан Мицкоски што наводно се згрозил денеска, се згрозил и претходно по пресудите за предметите „Титаник“ “Тврдина – Таргет“ и „Тенк“?, прашуваат од СДСМ, откако лидерот на опозицијата изјави дека е згрозен поради обвинението за сега веќе поранешниот генсек на Владата, Мухамед Зекири.

Од владеачката партија дополнително прашуваат дали Мицкоски е згрозен за тоа што голем дел од неговите сегашни или поранешни соработници се со судски затворски пресуди или секојдневно се пред судовите во бројните случаи што се водат против нив.

-Наместо да се згрозува, Мицкоски треба да побара оставки од Антонио Милошоски и Игор Јанушев пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски процеси, како и против негови соработници во раководството на партијата против кои исто така се водат судски процеси, и да побара одговорност од сите, стои во соопштението од СДСМ.

Мицкоски денес изјави дека „еден Рашковски се замени со друг“.

-Јавноста треба да знае дека тие крадат за некој друг, за тој што ги поставил таму и многу малку останува за нив. За нив останува срамот и за жал сѐ повеќе се разочаруваат и ако некој сѐ уште си го поставува прашањето зошто Македонија се намалува и граѓаните се селат, токму поради овие причини, изјави опозицискиот лидер.

Слични содржини