СДСМ: Насилството на ВМРО-ДПМНЕ и проруската инсталација Левица ја покажува нивната вистинска цел

од Nikola Popovski

Владеачката СДСМ вечерва се огласи после демонстрациите пред Собрание и ги осуди насилните протести, како што велат, организирани од ВМРО-ДПМНЕ и проруската инсталација Левица пред Собранието.

-Повторно бевме сведоци како насилници со качулки ги нападнаа полицајците, фрлаа запаливи течности, ги каменуваа припадниците на македонската полиција и се обидоа насила да влезат во Собранието. Вакви слични сцени гледавме на црниот 27 ми април и знаеме што тоа значи. Првичните информации се дека има и повредени неколку припадници на полицијата, велат од партијата од „Бихаќка“.

Според СДСМ, „ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица сакаат да ја дестабилизираат државата, да и наштетат и со тоа да одработат на центри на моќ кои не и мислат добро на нашата земја и на нашиот народ и не сакаат земјата да биде дел од Европската уника“.

-Нека не се обидуваат да го повторат упадот од 27 април. Тоа нема да го дозволиме, стои во партиското соопштение.

Слични содржини