СДСМ: Нервозата кај Мицкоски е голема бидејќи не успева да го одбранат криминалот во своите редови

од Берта Китинска

Нервозата кај Христијан Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ е голема затоа што никако не успеваат да го одбранат криминалот во своите редови, не успеваат да ги реализираат нарачките од Будимпешта, велат од СДСМ.

-Затоа секојдневно шират лажни вести, невистини и дезинформации, затоа поддржуваат протести на кои се бранат криминалци и насилници.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застанаа зад осудените насилници од крвавиот четврток кои упаднаа во Собранието и се обидоа да убијат пратеници, застанаа зад криминалот на нивниот тајкун Орце Камчев, не успеваат да го одбранат криминалот на нивниот ментор Сашо Мијалков.

Целата јавност слушна снимка каде се докажува соработката на Мицкоски со Зоран Милески Кичеец, а сега ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за правдата и конструира непостоечки случаи.

Христијан Мицкоски потфрли во исполнувањето на неговата единствена задача да ги одбрани криминалите на луѓето што го поставија на чело на белиот дворец.

Мицкоски наместо на страната на граѓаните и државата, стои на браникот на криминалот и затоа шест пати за четири години е поразен на избори и уште долго ќе остане во опозиција, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини