СДСМ: Ниедна лажирана анкета нарачана од Белиот дворец нема да ги сокрие криминалот и неработењето на градоначалниците

од Берта Китинска

Ниедна лажирана анкета нарачана од Белиот дворец нема да ги сокријат криминалот и неработењето на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

-Гледаат многу добро граѓаните како градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во ек на најголема светска економска криза парите на граѓаните ги трошат на партиски вработувања, на скапи мобилни телефони и компјутери, на чоколади и апетисани, додека пратениците од оваа партија се противат на секоја мерка која значи повеќе пари во семејните буџети.Ниедна анкета нема да ја сокрие вистината дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална деструктивна партија која работи на штета на граѓаните и во одбрана на криминалот, посочуваат од партијата.

Слични содржини