СДСМ: Николоски најмалку може да зборува на тема корупција, криминал и слободи

од Nikola Popovski

Историскиот грабеж на режимот на Никола Груевски граѓаните многу добро го знаат затоа што многу скапо ги чинеше. Дополнително, тоа го потврдуваат бројните судски предмети кои во моментов се водат против поранешни високи функционери на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, но и за сегашни актуелни пратеници од оваа криминална партија, велат од владеачката СДСМ преку партиско соопштение.

Според нив, предметот за Игор Јанушев за штета врз буџетот од 5 милиони евра, предметот за Антонио Милошоски, или предметите за осудениот кримналец Никола Груевски, предметите за Орце Камчев, Сашо Мијалков, Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска…. се дел од криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ.

-Впрочем затоа Мицкоски и самиот се декларираше дека е на „браникот на криминалот“, кога се обидуваше да го спаси криминалот на режимот од одговорност, но не успеа.

Дури и самиот бел дворец од којшто Николовски секојдневно шири невистини е дел од судска постака во случајот Талир.

Колку треба човек да биде без чувство за срам, да зборува за корупција и уназадување на слободи, а тој самиот е синоним за корупција, аѓутант на бегалецот од Будимпешта, слуга на режимот?

Александар Николовски, со висока партиска и државна позиција во времето на Никола Груевски, функционер во време на историската кражба на народот, најмалку може да зборува на тема корупција, криминал и слободи.

За разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога имаше системска корупција и неказнив криминал, денес, СДСМ преку институциите што ги предводи се бори против секаков вид на корупција и незаконско постапување, реагираат од владеачката партија.

Слични содржини