СДСМ: Очајниот Мицкоски смета дека албанскиот глас вреди помалку од гласот на другите

од Vladimir Zorba

„Христијан Мицкоски е изгубен во сопствените заблуди, па заборавил и да брои. После 16 часа од поразот, ни срам ни перде, излезе да каже дека победил со два до три пратеници во минус, за да му се смее цела јавност“, реагираат од СДСМ на пресот на лидерот на опозицијата.

„Денеска Христијан Мицкоски повторно го потцени народот. Тој е поразен политичар кој го потценува народот, Македонците, Албанците и другите.

Ваков очаен политичар што смета дека албанскиот глас вреди помалку од гласот на другите може да оди најмногу во опозиција, а најдобро е да оди надвор од политика. Мицкоски денес го потцени гласот на граѓанинот, а со тоа ги потцени и сите во неговата коалиција во која има претставници и од други етнички заедници.

Вчера на фер, слободни, демократски избори народот јасно му го покажа патот. Што понастрана од власта. Наместо да се плетка во сопствените небулози, нека си мисли како ќе си го решава проблемот што му се отвора на столчето во белата палата.

Државата, граѓаните, продолжуваат напред по исправниот, вистинскиот пат. Уште подобро и уште повеќе. СДСМ победи, ВМРО-ДПМНЕ изгуби“, додаваат од СДСМ.

Слични содржини