СДСМ: Од раб на граѓанска војна, денес сме земја со трајно обезбедена сигурност

од Nikola Popovski

На 27 април вооружени насилници посегнаа по животите на пратеници, на новинари, посегнаа по уставниот поредок, по демократијата и волјата на граѓаните, а државата ја днесоа на раб на граѓанска војна. Тие насилници не се и никогаш нема да бидат уставобранители како што лицемерно ги нарекува бранителот на криминалот и потрчкото на Никола Груевски, Христијан Мицкоски, соопштуваат од владеачката СДСМ.

Според нив, четири години подоцна од крвавиот четврток, од држава на раб на граѓанска војна, денес сме држава членка на НАТО со трајно обезбедена сигурност.

„Од држава каде човековите права и слободи беа системски погазувани денеска сме држава каде демократијата и слободата секојдневно се унапредуваат.

Како одговорна, државотворна партија, нема да дозволиме никогаш да се заборави 27 април, заедно со граѓаните нема да дозволиме никогаш да се повтори ваков срамен настан во македонската демократија“, велат од партијата.

Слични содржини