Актуелно
Почетна / Македонија / Политика / СДСМ: Опозицијата ги блокира предлог законските решенија за отпис камати и репрограмирање на долгови

СДСМ: Опозицијата ги блокира предлог законските решенија за отпис камати и репрограмирање на долгови

ВМРО-ДПМНЕ е против отписот на каматите на долговите што ги имаат граѓаните, затоа на 12 април ќе доживеат нов пораз ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги блокира сите проекти и законски решенија во интерес на граѓаните, а сега тоа го прави со опструкција на работењето на собраниската комисија за финансирање и буџет. Опозицијата ги блокира предлог законските решенија за отпис камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица и на јавни препријатија.

Како и многу пати досега, ВМРО-ДПМНЕ е против тоа трошоците на граѓаните да се намалуваат.

Овие мерки ќе им помогнат на граѓаните да се ослободат од долговите и каматите за нив и ќе овозможат подобрување на животниот стандард на сите граѓани, а ВМРО-ДПМНЕ е против тоа. Тие се нов почеток за сите, после систематското уништување на државата во периодот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2017 година.

ВМРО-ДПМНЕ само заради теснопартиски интереси, ги блокира сите проекти кои се во интерес на граѓаните и за рехабилитација на институциите. Граѓаните тоа го знаат и затоа на 12 април ќе се изјаснат против сите штетни политики на ВМРО-ДПМНЕ, наведуваат од СДСМ.

loading...