СДСМ: Освен заложник на Апасиев, Мицкоски е политичар со најмногу промашени изјави

од Nikola Popovski

Христијан Мицкоски, заложникот на Апасиев е политичар со најмногу промашени изјави, политичар без став и визија на кој не може да му се верува, обвинија утрово од СДСМ.

Според партијата, Мицкоски нема 61 пратеник, нема распуштање на Собранието, туку парламентарното мнозинство ќе биде поголемо од тоа што е денес, како што се случи и пред една година, кога најавуваше дека има парламентарно мнозинство.

-Од друга страна, Христијан Мицкоски покажа целосно непознавање за енергетиката. Мицкоски ширеше паника кај граѓаните, дека за оваа зима нема да има доволно електрична енергија и енергенси, дека ќе има рестрикции, дека цената на електрична енергија драстично ќе се зголеми.

Мицкоски го лажеше народот дека со прифаќањето на европскиот предлог, ќе следи асимилација и бугаризација, лажеше дека македонскиот јазик ќе бил прогласен за бугарски дијалект, дека нема да започнеме преговори со ЕУ.

Преговорите започнаа и тоа со заштитен идентитет и јазик. На Христијан Мицкоски, заложникот на Димитар Апасиев, не може да му се верува, се што кажа промаши, порачаа од владеачката партија.

Слични содржини