СДСМ: Парламентарното мнозинство во следниот период дополнително ќе расте

од Vladimir Zorba

„Пропадна уште една во низата лаги на Христијан Мицкоски, кој тврдеше дека до крајот на јануари ќе има 61 пратеник за распуштање на Собранието“, соопштија утрово од СДСМ.

„Денес, не само што нема доволно пратеници за распуштање на Собранието, Мицкоски креира нови лаги за наводни притисоци врз пратеници.

Нема никакви притисоци, а Мицкоски не само што нема 61 пратеник, туку напротив, парламентарното мнозинство во следниот период дополнително ќе расте.

Лага до лага, промашување до промашување, тоа е учинокот на Мицкоски, заложникот на Димитар Апасиев и Левица“, додаваат оттаму.

Слични содржини