СДСМ: Партијата на Мицкоски за 11 години владеење го донесе образованието на дното во Европа

од Vladimir Zorba

„Христијан Мицкоски има најмалку право да зборува за образованието затоа што неговата партија за 11 години режимско владеење образованието го донесе на дното во Европа, наставниот кадар беше понижуван, а врз учениците се вршеа експерименти преку погубни политики и таканаречени реформи“, реагираат од СДСМ на ФБ статусот на лидерот на опозицијата.

„Лажна и лицемерна е загриженоста на Мицкоски. Денес, со комбинираниот модел е обезбедена непречена настава за сите деца. Над 90% од учениците успешно следат онлајн настава, со почитување на мерки непречено се одвива наставата со физичко присуство.

За учениците кои немаат уреди, кои се околу 8000, се емитуваат часови на македонски и на албански јазик преку телевизија. Со ова владата предводена од СДСМ обезбеди континуитет на наставата во време на пандемија и образование достапно за секое дете“, истакнуваат оттаму.

Слични содржини