СДСМ: Пензиите се зголемени за над 1.800 денари за 3 години

од Nikola Popovski

„ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски има проблем секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните, така е и сега кога над 320.000 пензионери добиваат повисоки пензии преку законското усогласување на пензиите. Безидејната ВМРО-ДПМНЕ лаже дека пензиите се намалувале. Напротив, за само три години додека СДСМ ја предводи Владата, пензиите во просек се зголемени за над 1.800 денари“, соопштуваат од СДСМ.

Според владеачката партија, лицемерната загриженост не е ништо ново во белиот дворец.

„Оваа партија додека беше на власт о години земаше од пензионерите, пензиите ги усогласуваше надвор од законот и пред избори, а како опозиција со сите сили се противеше на покачувањето од 722 денари месечно на пензиите во 2020 година.

За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ; Владата предводена од СДСМ покажува вистинска грижа за пензионерите. И во време на светска здравствена и економска криза пензиите, ниту се кратат, ниту се замрзнуваат, напротив, тие зголемуваат согласно законот.

Наместо да шири лажни вести и дезинформации, ВМРО-ДПМНЕ може да учи што значи одговорно работење и вистинска грижа за сите граѓани“, стои во партиското соопштение.

Слични содржини