СДСМ: По 40 години се реконструира ПС Ресен, вложуваме во капиталните проекти

од Nikola Popovski

„По повеќе од 40 години чекање, конечно се реконструира полициската станица во Ресен. Креирање и воспоставување на современа инфраструктура е суштински предуслов за ефикасно и функционално работење во служба на нашите граѓани“, изјави на прес-конференција, Лиде Србиновска, портпарол на ОО СДСМ Ресен.

Според неа, политиките и принципите на Владата на Република Северна Македонија се унапредување на полициската служба во целост, а вкупната вредност на реконструкцијата е 12 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на Министерството за внатрешни работи.

„Објектот е реконструиран во целост, притоа запазувајќи ги стандардите за енергетската ефикасност и намалување на загадувањето на животната средина и исполнувајќи ги потребите за поефикасно работење и фукционирање на полициската служба во модернизирани услови.

Полицијата и локалната власт се во контуирана соработка како за време на ковид кризата така и за постигнување на што поголеми ефекти во безбедноста и сигурноста на сограѓаните.

Заедно градиме систем кој што ќе биде во наш заеднички интерес и ќе гарантира сигурност и безбедност за сите нас подеднакво“, изјави Србиновска.

Слични содржини