СДСМ: Покрај растот на просечната плата, бележиме и раст на извозот

од Берта Китинска

Ефикасните политики на Владата предводена од СДСМ, обезбедуваат македонската економија да биде стабилна, развојна и динамична, да создава услови за економски раст и подобрување на животниот стандард на граѓаните, вели Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.

Таа додава дека целосно е исплатена еврообврзницата од 2014 година, за која државата досега годишно плаќала 20 милиони евра само за камата.

-Република Северна Македонија се раздолжи за 500 милиони евра за еврообврзницата, со што државниот и јавен долг само по овој основ се намали за 4,358 процентни поени.Владата посветено работи за стабилизирање на долгот и негово позиционирање во рамки на Мастришкиот критериум, односно на ниво под 60%.Буџетот е ликвиден, приходите од почетокот на годината имаат раст од 15,6 отсто во однос на истиот период лани, а расходите се реализираат редовно и навремено, вели пратеничка.

Таа објаснува дека официјалните податоци потврдуваат дека економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ ги даваат очекуваните резултати.

-Просечната нето плата за мај годинава изнесува 28.721 денари. Таа во споредба со просечната плата од јуни 2017 година, која била 22.808 денари е зголемена за 5.913 денари односно за 25,93 отсто.

Покрај растот на просечната плата, бележиме и раст на извозот, рекордна економска активност и во Индустриските зони и пад на невработеноста на историски најниско ниво.

Продолжуваме со мерки и политики кои градат силна, развојна економија која носи шанса за сите, вели Маркоска.

Слични содржини