СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за потребата од скратена постапка за намалување на ДДВ за струјата

од Nikola Popovski

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница не гласаа за усвојување на потребата од скратена постапка при носењето на измените и дополнувањата на Законот за додадена вредност со која ДДВ за струјата ќе се намали од 18 на 5 отсто, информираат од владеачката СДСМ.

Според нив, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против граѓаните да плаќаат помали сметки за електрична енергија, се противат на намалување на семејните трошоци.

„Како и досега ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на штета на граѓаните, да се противи на секое законско решение што носи придобивки за граѓаните.

Казна за таквото однесување ќе ги стигне на претстојните локални избори“, велат од СДСМ.

Струјата поскапува за 12,36%, но тоа нема да го почуствуваат граѓаните бидејќи ДДВ-то се намалува од 18 на 5%. Каква промена во сметките ќе имаат граѓаните, Бислимовски не сакаше да шпекулира, само кажа дека намалувањето ќе биде незначително.

Слични содржини