СДСМ: Продолжуваме да се грижиме за стандардот на сите категории граѓани

од Vladimir Zorba

„Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за граѓаните. Десетина дена по одлуката за замрзнување на цената на белиот и полубел леб од 450 грама на 33 денари, Владата предводена од СДСМ донесе нова одлука со која се корегираа цените на други прехрабени продукти“, велат утрово од „Бихаќка“.

Од понеделенк 13 март цените на тестенините, поточно на шпагетите и макароните, ќе се намалат за 15 отсто, односно за осум или девет денари во однос на цената која се применувала на први март во трговијата на мало во државата.

Покрај тоа, се укинуваат и царинските давачки за увоз на овие продукти за период од 13 март 2023 година до 31 мај 2023 година.

Намалување на цените од среда, 17 март ќе се применува и на млекото и млечните производи кои се намалуваат за 10 отсто.

Се намалуваат цените на млекото со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, урдата, кравјoто бело сирење и мешано бело сирење, кравјиот кашкавал, киселото млеко, павлаката и јогуртот кој е без додатоци.

„Преку одговорни навремени ефикасни мерки и политики продолжуваме да се грижиме за стандардот на сите категории граѓани“, истакнаа од СДСМ.

Слични содржини