СДСМ: Продолжуваме со вистинска грижа и поддршка за земјоделците и земјоделството

од Andreja Salpe

Собранието ги усвои предлог-измените на Законот за земјоделство и рурален развој, на предлог на пратениците од парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ.

Пречките за исплата на субвенциите за оваа година за тутунарите се отстранети.

– Важно е тутунопроизводителите да знаат дека Платежната Агенција веќе ги има преземено сите мерки и исплатата на субвенциите ќе започне уште од следната недела. Фактот што во петтиот пакет мерки обезбедивме дополнителни 307 милиони денари, односно пет милиони евра за поддршка на тутунопроизводителите покажува дека тутунарите се важни за СДСМ. Субвенциите за тутун ќе бидат исплатени навремено,тутунарите да бидат спокојни. Времето кога ВМРО-ДПМНЕ ги користеше субвенциите како алатка за манипулација со тутунопроизводителите засекогаш е завршено. Како одговорна партија продолжуваме да градиме партнерство со тутунопроизводителите и со сите други земјоделци, велат од СДСМ

Слични содржини