СДСМ: Пропаднаа сите лажни изјави на Мицкоски дека ќе има ново мнозинство

од Stefanija Kuzmanovska
172 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ може да прогласи капиталуција на Христијан Мицкоски на тема предвремени избори. Со гласање на 65 пратеници во Собранието се потврди зајакнато и зголемено парламентарно мнозинство на СДСМ и коалицијата, соопштуваат од владеачката СДСМ.

„Пропаднаа сите лажни изјави на Христијан Мицкоски дека ќе има ново мнозинство, дека собранието ќе се распушти, дека владата само што не паднала.

Се покажа дека единствената тема за предвремени избори и зголемено парламентарно мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ на која Христијан Мицкоски ја базираше својата политика во изминатите 2,5 години е всушност само борба за фотелја и ништо друго.

Сите блокади што ги правеше ВМРО – ДПМНЕ во собранието во време на светска економска и енергетска криза, во време на пандемијата, хистеријата за наводна асимилација и бугаризација имаа за цел создавање тензии, дестабилизација, во желбата за власт, пари и тендери.

Блокадите и одолговлекувањето на ВМРО-ДПМНЕ, ја покажува деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ, која е во целосно заложништво на Леница.

За нерзаумното одолговлекување на собраниските седници од страна на ВМРО-ДПМНЕ, секој ден, среде криза, се трошат по 55.000 евра, пари на граѓаните.

Зголемено мнозинство обезбедува политичка стабилност, зголемена ефикасност на Собранието и побрзо носење на законите.

Тоа ќе придонесе за забрзана реализација на реформите во економијата, во судството и на патот на интеграцијата на државата во ЕУ“, наведуваат од СДСМ.

Слични содржини