СДСМ прво ќе решава дали да има нов премиер

од desk2

Владејачката партија СДСМ в петок ќе одлучува дали наскоро ќе има седница за распуштање на парламентот или престојаните избори ќе бидат само редовни и претседателски, пишува Независен весник.

Веднаш по враќањето на лидерот Зоран Заев од Давос, ќе заседава централниот одбор на партијата, иако неформалната дебата во СДСМ за тоа дали да се распишат предвремени парламентарни избори е веќе почната на највисоко ниво. Според неофицијални информации, уште завчера утрото имало координација меѓу најтесното раководство на „Бихаќска“ на оваа тема, а потоа некои партиските функционери имале и брифинг со амбасадорите на ЕУ, кои имаат извесна резерва во однос на можните парламентарни избори во период кога Владата треба да се посвети на реформи.

Иако евентуалните предвремени избори би се одржале заедно со вториот претседателски круг – веројатно на 5 мај, што значи дека Собранието би требало да се распушти не порано од 5 март, оваа дебата, според информациите, е моментно поургентна од таа за редовните избори за шеф на државата. Причина за тоа е што, ако се оди на парламентарни избори, треба да се фатат роковите за формирање техничка (пржинска) влада – 100 дена пред датумот определен за гласање. Според тоа, ако вториот претседателски круг, заедно со единствениот круг избори за пратеници, се одржи на 5 мај (што е и последен можен термин ако се има предвид дека мандатот на Ѓорге Иванов истекува на 12 мај) тогаш преодната влада би требало да биде избрана веќе кон крајот на овој месец.

Целиот текест на Независен весник

Слични содржини