СДСМ: Радиодифузна такса граѓаните нема да плаќаат!

од Vladimir Zorba

radiodifuznasmetka

„Управата за јавни приходи да не помисли да ги блокира сметките на граѓаните за радиодифузна такса!

Нема право УЈП да си поигрува со егзистенцијата на десетици илјади луѓе кои живеат во тешка сиромаштија како и мнозинството граѓани во Македонија, токму поради политиките на арач на алчната власт на Груевски.

УЈП е инструмент на неправедната власт, која калеми и толерира милионски долгови на јавните претпријатија, ама сака да им го одземе лебот на сиромашните.

Веднаш по изборите во декември, граѓаните ќе бидат ослободени од оваа јавна давачка и нема да плаќаат за радиодифузна такса!

Новата Влада ќе направи законски измени со коишто Македонската радиотелевизија  ќе се финансира директно од Буџетот“, соопштуваат од СДСМ.

Слични содржини