СДСМ: Само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат став за македонската иднина

од desk2

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште намаат јасен став за клучните прашања од најголем национален интерес за државата и граѓаните, сметаат од владејачката СДСМ.

„Тоа го покажува несериозниот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните и кон државата. Паѓаат во вода децениските лаги на ВМРО-ДПМНЕ кога зборуваше за референдум и право на граѓаните да го кажат последниот збор за правецот по кој ќе се движи земјата, и тоа во секоја програма, во секој јавен настап.
Сега кога референдумот е извесен и ќе се случи, кога е обезбедено членството во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет, Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ немаат став.
За најважните прашања за иднината на Македонија само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат соопштено за што се. Или се за светла иднина, напредок, членство во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет или се за небиднина, назадување, изолација“, велат од партијата.

Порачуваат дека ако се за иднина на Македонија во НАТО и ЕУ треба да ги повикаат членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина. Во спротивно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе покажат дека лажеле цела деценија и дека всушност се само за одбрана на криминалот, за изолација, назадување и неизвесност.

Слични содржини