СДСМ: Се јави нарачателот Груевски, тоа што тој го наредува Мицкоски го извршува

од Nikola Popovski

Од СДСМ излегоа со соопштение по повод новиот Фејсбук статус на екс-премиерот Никола Груевски.

Во соопштението тие наведуваат дека по вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ, се јавил вистинскиот лидер на оваа партија, човекот кој е нарачател на маршот.

„Шефот на Мицкоски практично потврдува дека тој стои зад целата операција во Скопје за крвавиот 27-ми април. Мицкоски не може да излезе од контролата на Груевски ниту да донесе автономни одлуки одлуки. Тој е извршител на вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски“, објавија од СДСМ.
Според нив, главна задача на Груевски било да обезбеди амнестија, но тоа нема да се случи, затоа што за него ќе следува само одговорност.
„Не успеаја нарачките од Будимпешта по секоја цена да се блокира и опструира Законот за Јавно обвинителство во обвинителство, донесен со двотретинско мнозинство и поддржан од ЕУ, САД, од демократскиот свет. Законот е најголема закана за извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски. Со Законот за ЈО поставени се темелите на правната држава, секој што се огрешил да одговара пред законите“, заклучуваат од СДСМ.

Слични содржини