СДСМ: Се редат поразите на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ е разнишана, парламентарното мнозинство е стабилно

Во своето соопштение, владејачката СДСМ, денес посочи дека опозицијата е разобличена благодарение на Христијан Мицкоски. Велат, се урнале лагите дека СДСМ е стабилно со своите коалициони партнери во мнозинството.

„Лагите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на чело со губитникот Христијан Мицкоски се разобличени. Мицкоски продолжува да реди порази, поразен е и од граѓаните, од правдата, од  демократијата.

Се урнаа лагите и манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ дека коалицијата предводена од СДСМ нема мнозинство во Собранието, дека Владата ќе била соборена, дека Мицкоски ќе успее да собере 62 пратеника, дека ќе имале и 65 пратеници.

Владејачкото мнозинство е стабилно и со тенденција да се зголемува во наредниот период. Од друга страна разнишано е ВМРО-ДПМНЕ кое работи против интересите на граѓаните и државата.

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како најголемиот кочничар на реформите, мерките и политиките што се во интерес на граѓаните.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ забораваат дека се избрани да им служат на граѓаните, а не да прават опструкции и блокади во Собранието, на штета на истите тие граѓани. Затоа уште долго ќе останат во опозиција“, се вели во објавата на СДСМ.

Слични содржини