СДСМ: Шефот на Мицкоски на црната листа на САД, уште една потврда за големиот степен на криминал во ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

СДСМ ја поздрави одлуката на американскиот Стејт Департмент за ставање на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот директор на ДБК, Сашо Мијалков на црната листа на САД.

-Груевски, како што објави Стејт Департментот и како што знаат граѓаните, вмешан во коруптивни дела како искористување на неговото политичко влијание и моќ за лична корист, ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара и зема мито во замена за владини договори, но и присвојувал државни средства и се мешал во изборните процеси.

На оваа црна листа покрај Груевски е и неговиот братучед, Сашо Мијалков, појаснуваат од партијата.

Според нив, ова е уште една силна потврда за размерот на криминалот кој постоел во врвот на ВМРО-ДПМНЕ, таа криминална и режимска матрица и ден денес е силно присутна во опозициската партија.

-Дел од клучните луѓе на Груевски и режимот, денес се клучни луѓе на Христијан Мицкоски, затоа ВМРО-ДПМНЕ останува единствена партија на криминалот, партија која работи на штета на интересите на државата и граѓаните, соопштија од владеачката СДСМ.

САД воведоа санкции против Мијалков, Груевски и унгарската компанија со која тој е поврзан, како и уште против четири лица од Балканот.

Според веб-страницата на американското Министерство за финансии, санкциите се воведени поради дестабилизирачки и коруптивни акции во регионот.

Слични содржини