СДСМ: Сите лаги на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и нивниот проруски партнер Левица потонаа

од Берта Китинска

Денеска сите тешки лаги кои што ВМРО-ДПМНЕ ги пласираше потонаа. Потона уште еден Титаник на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Драган Ковачки.

-Заедно со нивниот коалициски проруски партнер Левица, гушнати во деструкцијата и желбата да и наштетат на сопствената држава и на сопствениот народ.Со денови Христијан Мицкоски, Димитар Апасиев и бројни функционери на ВМРО-ДПМНЕ и Левица ширеа лаги дека државата ќе се бугаризира, дека јазикот и идентитетот се распродадени, смислено и тенденциозно создаваа хистерија во јавноста за да нанесат штета на државните позиции.Сите тие смислени лаги за нанесување штета на државата потонаа.Толку ниско се паднати Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ што немаат образ ниту да се извинат.Затоа се опозицијата и ќе останат уште долго во опозиција.Претседателот на СДСМ и на Владата, Димитар Ковачевски покажа државништво, покажа како се брани национален и државен интерес, како се штити националното достоинство на македонскиот народ, велат од СДСМ.

Слични содржини