СДСМ: Сите нарачани анкети на ВМРО-ДПМНЕ пропаднаа на вонредните избори каде Мицкоски убедливо загуби

од Берта Китинска

Секогаш кога Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се фатени со рацете во медот и скандали, се обидуваат да го дефокусираат вниманието на јавноста, велат од СДСМ по објавените резултати на ИПСОС во која се покажува водство на ВМРО-ДПМНЕ со 19% пред СДСМ кој има 9%. Рејтингот на другите партии е следен: ДУИ 6%, Левица 5%, Алијанса на Албанците 2%, Беса 1%, ДПА 1%, Алтернатива 1%.

-Предвремените локални избори кои се одржаа пред само еден месец ги потошија сите нарачани анкети.ВМРО-ДПМНЕ загуби во Маврово и Ростуше и Центар Жупа, а значителен пад имаше на изборите за советници во општина Тетово.Сите нарачани анкети на ВМРО-ДПМНЕ пропаднаа на вонредните избори каде што Мицкоски загуби.Ништо не може да ја дефокусира јавноста од тоа што ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија и од фактот што нивни партиски функционери беа фатени со рацете во медот во тендерот вреден 136 милиони евра наменет за пречистителна станица во Скопје, велат од СДСМ.

Слични содржини