СДСМ: Скопје под вода, а локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ никаде ја немаше

од Берта Китинска

Локалните самоуправи предводени од ВМРО-ДПМНЕ и директорите на јавните претпријатија потфрлија при невремето што вчера попладне го зафати Скопје и околината, вели СДСМ.

„Скопје беше поплавено, улици, булевари, подвозници под вода, паднати дрва и гранки, попречен и отежнат сообраќај, а локалната власт предоведена од ВМРО-ДПМНЕ никаде ја немаше.Над 10.000 домови се поплавени а ЈП водовод не презеде ништо. Очигледно ниту каналите, ниту шахтите не се проверени навреме и не се исчистени соодветно.Кризен штаб треба да се формира навреме, да биде подготвен за различни ситуации пред невремето.

Јавните претпријатија треба да ги исчисти и да ги проверат каналите, шахтите, атмосферската канализација.Невремето предизвика хаос во сообраќајот, а Центарот за управување и контрола на сообраќајот не ги информираше граѓаните што се случува на сообраќајниците.ЈСП Скопје не ги информираше граѓаните за одложените линии, за можностите, ниту ги насочуваше.На терен беше само полицијата и институциите од централната власт а локалната власт никаде ги немаше.Со еден збор, целосно потфрлање на кадрите на Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои се локална власт во Скопје“, се вели во соопштението.

Слични содржини