СДСМ со осуда за насилните протести: Обид за повторување на настаните од 27. април

од Nikola Popovski

Владеачката СДСМ силно го осудија насилството и инцидентите што вечерва се случуваат на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред објектите на Владата и Собранието.

-Вечерва јавноста обид за повторување на упадот од 27 април 2017 од страна на политички партии кои не и мислат добро ниту на државата, ниту на граѓаните. СДСМ, институциите, граѓаните нема да дозволат ваквото опасно, деструктивно постапување да ја загрози иднината на држава, обидите за дестабилизација на државата одново ќе бидат поразени, соопштија од СДСМ.

Во текот на денот, при третиот протест пред Владата, дојде до пробивање на заштитната ограда и се влезе во дворот на Владата, при демонстрантите дојдоа пред полицискиот кордон, пред самите порти на зградата. Се фрлаше со шишиња, јајца, тоалетна хартија, пиротехнички средства.

Слични содржини