СДСМ: Собранието не е пазар, блокадата на ВМРО-ДПМНЕ е анти-државна

од Nikola Popovski

Од СДСМ обвинија дека неодговорна, штетна и анти-државна е одлуката за блокада на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

-Мицкоски, по нарачка на Никола Груевски, прави се државата да има дополнителни проблеми во време на најголема светска економска и енергетска криза, среќен единствено кога создава блокади. Собранието не е пазар туку законодавен дом во којшто се носат закони од интерес на граѓаните. Не може Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се пазарат кој закон ќе го блокираат а кој не. Сите закони блокирани од опозицијата се закони од интерес на државата и за добро на граѓаните и тоа е факт, посочуваат од владеачката партија.

Според нив, “одговорни политичари не прават блокади, не уценуваат, не одмагаат, не се ситат кога на народот му е тешко“.

-СДСМ има решенија за деструкцијата на Мицкоски. Со сите демократски средства и деловнички можности, СДСМ и парламентарното мнозинство ќе се спротивстави на блокадите и деструкциите од ВМРО-ДПМНЕ. Нема да дозволима граѓаните да страдаат заради лични или партиски хирови на Мицкоски, стои во партиското соопштение.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска на прес конференција информираше дека од утре стартува активната блокада во Собранието.

-Активната блокада е последица, реакција на акцијата на владата на Ковачевски, предводена од СДСМ и ДУИ кои не покажаа чувство за државност и одбија секаква можност на дијалог по најважните прашања во оваа држава, кажа Мицевски.

Слични содржини