СДСМ: Сојузниците нудат помош за пожарите, само ВМРО-ДПМНЕ напразно критикува и седи на страна

од Nikola Popovski

Системот функционира. Сите надлежни институции, на централно и локално ниво се активни за справување со пожарите, граѓаните се солидарни, медиумите одговорно информираат, соседите, сојузниците нудат помош. Само и само ВМРО-ДПМНЕ седи на страна, шири невистини, напразно и неосновано критикува, велат од владеачката СДСМ преку соопштение.

Според нив, тоа е загубената ВМРО-ДПМНЕ која нема идеја како да делува, нема што да им понуди на граѓаните.

-Системот функционира, ситуацијата е под контрола. Пожарите не се политичка тема. Надлежните институции будно ја следат состојбата и делуваат, соопштија од СДСМ.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека катастрофалната реакција на власта во случајот со пожарот во Кочани ги загрози имотите и животите на граѓаните.

-Да биде срамот поголем додека граѓаните со голи раце ги бранеа своите домови од огнената стихија, претседателот Пендаровски им вети дека после еден ден ќе испрати хеликоптери да помогнат во гаснењето. Додека власта организира приватни забави на Мечкин Камен загрозени се животите и имотите на граѓаните, па и цели населени места, а елитата мува не ја лази. Да бевме нормална држава и да имавме доблесни функционери, утрово ќе имаше дузина оставки на директори, министри и одговорни. Но за жал не сме, објавија од партијата во партиско соопштение, посочија од најголемата опозициска партија.

Слични содржини